• e enjte, 23 janar 2025

Се реконструира свечената сала на Општина Штип

Се реконструира свечената сала на Општина Штип

Штип, 22 јануари 2025 (МИА) - Почна темелна реконструкција на салата во којашто се одржуваат седниците на Советот на Општина Штип, како и на сите свечени академии и настани во Општина Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска изјави дека нешто повеќе од еден милион денари се издвоени од буџетот на општината за оваа реконструкција, која што се очекува во наредните денови и да биде завршена.

-После долги години откако е направена практично административната зграда на Општина Штип, одлучивме да направиме реконструкција на главната и големата сала за одржување на седниците на Совет, но и за  одржување на многу настани, кои што во текот на годината општината и другите институции ги организираа во истата оваа сала. Нешто повеќе од еден милион денари се издвоени за комплетна рекострукција на оваа сала, вели Јорданов.

 Со ваквата реконструкција, Јорданов вели дека салата ќе има посовремен изглед, а која ќе се користи за сите настани, кои што ќе се организираат.

Инаку, свечената сала на Општина Штип неколку децении не беше реконструирана, а исто така инвентарот беше застарен. вдј/

Фото: МИА 

QËNDRONI TË LIDHUR