Салцбург го изгуби ексклузивното право да произведува „Моцарткугел“
- Фабриката којашто произведуваше 57 милиони чоколатца годишно, беше затворена на крајот на годината.
- Post By Слободан Иванов
- 08:58, 23 janar, 2025
Салцбург, 23 јануари 2025 (МИА) - Австрискиот град Салцбург го загуби ексклузивното право да ги произведува познатите чоколадни топчиња „Моцарткугел“ (Mozartkugel), откако фабриката што ги прави - банкротираше.
Фабриката, којашто произведуваше 57 милиони чоколатца годишно, прогласи банкрот и беше затворена на крајот од минатата година, делумно поради поскапувањето на какаото, пишува британски „Гардијан“.
Лиценцата за продавање на овие популарни слатки веќе неколку години ја има американскиот конгломерат „Монделез“ (Mondelez), којшто сега ќе бара ново место за производствениот погон. си/
Фото: Фејсбук-објава, фотоисечок