Јувал Рафаел, којa го преживеа масакрот изведен од Хамас, ќе го претставува Израел на Евровизија
- Младата поп-пејачка победи на националниот „Евросонг“ натпревар, откако освои најмногу гласови од жирито и од јавноста.
- Post By Слободан Иванов
- 11:06, 23 janar, 2025
Ерусалим, 23 јануари 2025 (МИА) - Израелската пејачка Јувал Рафаел, која го преживеа нападот на Хамас на Музичкиот фестивал „Нова“, ќе го претставува Израел на „Евровизија“ 2025 година, објави денеска „Тајмс оф Израел“.
Младата поп-изведувачка победи на националниот „Евросонг“ натпревар, откако освои најмногу гласови од жирито и од јавноста.
Песната, со којашто Рафаел во мај ќе го претставува Израел во Швајцарија, се очекува да биде избрана следниот месец, од комисија на јавниот сервис „Кан“. си/ссм/
Фото: Јутјуб