• e premte, 04 tetor 2024

Речиси 100 луѓе загинаа во израелските воздушни напади врз Газа во последните 24 часа

Речиси 100 луѓе загинаа во израелските воздушни напади врз Газа во последните 24 часа

Газа, 3 октомври 2024 (МИА) - Најмалку 99 лица загинаа, а 169 се повредени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, јави Си-Ен-Ен.

Вкупниот број загинати од 7 октомври минатата година се зголеми на речиси 42.000 луѓе, со речиси сто илјади повредени, покажуваат податоците на палестинското Министерство за здравство.

Исто така, беше објавено дека многу други се затрупани во урнатините и дека екипите за итна помош не можеле да дојдат до нив.

Покрај тоа, израелската војска денеска објави дека убила тројца високи функционери на Хамас во воздушен напад во Газа пред три месеци, идентификувајќи ги како Равхи Муштах, доверлив човек на шефот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, високиот безбедносен функционер Самех ал-Сарај и командантот на Генералната служба за безбедност Хамас Сами Одех. паг/

Фото: ДПА

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR