• e premte, 04 tetor 2024

Началникот на израелскиот ГШ: Нема да дозволиме Хезболах повторно да се распореди на југ

Началникот на израелскиот ГШ: Нема да дозволиме Хезболах повторно да се распореди на југ

Teл Авив, 3 октомври 2024 (МИА) - Началникот на израелскиот генералштаб, генерал-полковник Херзи Халеви, вечерва изјави дека земјата нема да дозволи либански Хезболах да ги прераспореди своите сили во јужен Либан.

Тој го изјави ова по тридневната копнена офанзива против членовите на таа исламистичка организација.

„Нема да дозволиме Хезболах повторно да се воспостави на тие места во иднина.Сериозниот удар што му беше нанесен на Хеболах во Бејрут, во долината Бека и на југот на Либан ќе продолжи“, рече Халеви. зш/

QËNDRONI TË LIDHUR