• e hënë, 03 mars 2025

Релиќ и Георгиевски освоија бронзени медали на турнир во Бугарија

Релиќ и Георгиевски освоија бронзени медали на турнир во Бугарија

Софија, 3 март 2025 (МИА) – Македонските таеквондисти Милијана Рељиќ и Дејан Георгиевски освоија бронзени медали на Г-1 Опен турнирот одржан викендот во Софија, Бугарија.

Рељиќ во категоријата – 62 килограми, беше подобра од Ингрид Искандар Поетри од Сингаупр и Казахстанката Аиша Аделбикизи, додека во полуфиналето загуби од Русинката Анастасија Банкова.

Георгиевски во категоријата +87 кг го совлада Горјан Бадаровски па во полуфиналето загуби од Русинот Владислав Ларин.

Двајцата македонски репрезентативци освоија и нови бодови во обидот да оставрат норма за Олимписките игри во Лос Анџелес 2028. зс/

Фото: Фејсбук Рељиќ

QËNDRONI TË LIDHUR