Гвардиола: Топката во ФА Купот е проблематична, тоа го кажувам со години
- Тренерот на Манчестер, сити, Пеп Гвардиола се пожали на квалитетот на топката во ФА Купот.
- Post By Зоран Стерјовски
- 14:20, 3 mars, 2025

Манчестер, 3 март 2025 (МИА) – Тренерот на Манчестер, сити, Пеп Гвардиола се пожали на квалитетот на топката во ФА Купот.
Манчестер Сити се пласираше во четвртфиналето на турнирот откако го совлада Плимут со 3:1.
Сити имаше 10 шута кои поминаа над голот или надвор од него. Во ФА Купот екипите играат со топка од „Mitre Sports“.
- Обично по такви удари топката оди во голот. Оваа е тешко да се контролира. Многу фудбалери и тренери зборуваат за ова со години. Кога губите, звучи како да се жалите, но таа топка не е во ред. Ова се случува во ФА Купот и Лига Купот низ годините. За ова зборувам со години. Јас го кажав моето мислење и луѓето можат да се согласат или да не се согласуваат. Победивме, па луѓето ќе бидат помеки кон мене. Топката во Лигата на шампионите е исклучителна, топката во Премиер лигата е исклучителна, но оваа топка не е многу добра, изјави Гвардиола.
Противник на Сити во четвртфиналето ќе биде тимот на Борнмут. зс/
Фото: ЕПА