Романо: Баерн и Упамекано усно се договорија за продолжување на договорот
- Договор за продолжување на соработката меѓу Баерн и дефанзивецот Дајот Упамекано е во завршна фаза, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.
- Post By Зоран Стерјовски
- 13:50, 3 mars, 2025

Минхен, 3 март 2025 (МИА) - Договор за продолжување на соработката меѓу Баерн и дефанзивецот Дајот Упамекано е во завршна фаза, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.
Преговорите траеја околу две недели и двете страни дале согласност за нов договор.
Актуелниот договор на Упамекано е до летото 2026 година.
Transfermarkt ја проценува вредноста на 26-годишниот Французин на 50 милиони евра.
Оваа сезона фудбалерот има постигнато два гола на 30 натпревари.
Баерн е убедлив лидер во Бундеслигата со осум бодови предност пред второпласираниот Баер Леверкузен. зс/
Фото: ЕПА