• e shtunë, 22 shkurt 2025

Принцот Вилијам на медицински тестови за можна појава на рак

Принцот Вилијам на медицински тестови за можна појава на рак

Лондон, 21 февруари 2025 (МИА) - Британскиот престолонаследник Вилијам е подложен на медицински тестови, по неодамнешната смрт на неговиот поранешен воен инструктор за летање, наредникот Зак Стабингс.

Стабингс го обучуваше принцот за време на неговата служба меѓу 2010. и 2013 година. Почина на 47 години, по децениска битка со рак којшто ги зафаќа крвта и коскената срцевина. Неговата смрт предизвика загриженост за здравствените опасности поврзани со поголемата изложеност на отровни издувни гасови од воените хеликоптери, вклучувајќи го и „Морски крал“ (Sea King) што Вилијам го пилотираше за време на неговата обука.

Загриженоста е дотолку поголема оти кралското семејство веќе се соочува со две битки со ракот. Имено, кралот Чарлс и сопругата на Вилијам, Кетрин - Кејт Мидлтон со месеци се лекуваат од таква болест. Мидлтон неодамна откри дека е во ремисија, по шесте месеци хемотерапија.

Според наводите, принцот е подложен на медицински прегледи како мерка на претпазливост, за да се исклучат какви било болести потенцијално поврзани со неговата воена служба.

По сѐ, изгледа дека Монархијата сака да избегне „троен удар“ на рак во самиот врв на кралското семејство. Смртта на Стабингс, исто така, повторно ја актуелизира можната правна постапка против Британската армија. Многу поранешни вработени кои управувале со истите хеликоптери страдале од различни облици на рак - на белите дробови, грлото и тестисите.  си/ссм/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR