• e shtunë, 22 shkurt 2025

Опра Винфри и во осмата деценија од животот ја одржува линијата

Опра Винфри и во осмата деценија од животот ја одржува линијата

Лос Анџелес, 21 февруари 2025 (МИА) - Познатата американска водителка Опра Винфри е фотографирана како излегува од вежбалница во Санта Барбара, Калифорнија, САД. Најчестите коментари повторно се околу нејзината витка фигура.

„Мило ми е што конечно радикално го менува начинот на живот“, „Изгледа убаво“, „Упорноста се исплати“ - гласат дел од коментарите.

Познатото ТВ-лице кое е на самиот почеток на осмото десетлетие од својот живот, имаше операција на коленото во 2021 година. При закрепнувањето му се посвети и на слабеењето. Таа проговори и за негативните коментари кои ги добивала во минатото, објави „Пејџ сикс“ (Page Six).

- Почнав да пешачам и секој ден да си поставувам нови цели на растојание. На крајот, можев да пешачам и до осум километри. Се чувствувам посилна и поподвижна... Таблоидите ме експлоатираа секоја недела. Комичарите се шегуваа со мене, а јас го прифатив тоа затоа што мислев дека го заслужувам, откри таа во една прилика.

Освен тоа, Винфри вели дека последниот оброк го јаде во четири попладне и пие околу четири литри вода дневно. Досега, се вели, успеала да изгуби речиси 50 килограми.  си/сд/

Фото: МИА архива; Икс, фотоисечок

QËNDRONI TË LIDHUR