Во МНТ Оскаровска гала вечер со изведба на песни од филмската историја
- Како што најавија организаторите, на концертот ќе бидат изведени песни кои влегле во филмската историја и биле номинирани и наградени со Оскар. Ќе ги исполнат врвни македонски пејачи, Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска (South Park), Горан Наумовски, Денис Димоски, Дејан Бобиќ Дексо, Марија Димитријевиќ, Јасна Димитровска заедно со Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect под дригентската палка на Владимир Димовски и „Полифонија“.

Скопје, 22 февруари 2025 (МИА) - Во Македонскиот народен театар вечерва ќе се одржи втората Оскаровска Гала вечер.
Како што најавија организаторите, на концертот ќе бидат изведени песни кои влегле во филмската историја и биле номинирани и наградени со Оскар. Ќе ги исполнат врвни македонски пејачи, Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска (South Park), Горан Наумовски, Денис Димоски, Дејан Бобиќ Дексо, Марија Димитријевиќ, Јасна Димитровска заедно со Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect под дригентската палка на Владимир Димовски и „Полифонија“.
Коментаторката на Оскаровското шоу и авторка на емисијата за филм „Во кадар“ на МТВ Миланка Рашиќ, ќе ја води публиката низ Оскаровските приказни.
Филмската магија на сцената ќе ја создадат и настапите на балетските уметници Саша Ефтимова и Ендрју Кук, како и танчерите од танц клубот Dancers United.
Пристигнувањето на посетителите на Црвениот тепих е од 19.30 часот, а концертот Оскаровска Гала вечер ќе започне во 20 часот.
Настанот ќе се одржи точно една недела пред 97-та Оскаровска церемонија во Лос Анџелес. нд/
Фото: Плакат