• e mërkurë, 12 qershor 2024

Приведен крадец во Скопје, одреден му е притвор

Приведен крадец во Скопје, одреден му е притвор

Скопје, 12 мај 2024 (МИА) - Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Б.(55) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела тешка кражба на дрзок начин, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат, кривичните дела А.Б. ги извршил во јануари и мај оваа година на подрачјето на Центар одземајќи мобилни телефони, а еден од одземените предмети со потврда бил вратен на оштетената.

Од судија на претходна постапка на А.Б. одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. лв/ 

фото: МИА архива 

 

QËNDRONI TË LIDHUR