Приведен крадец во Гостивар, следува соодветна пријава
- Во Гостивар вчера во 14.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Г.П.(25) од Република Албанија, соопштија денеска од МВР.
- Post By Цветанка Миновска
- 10:14, 3 mars, 2025

Скопје, 3 март 2025 (МИА) - Во Гостивар вчера во 14.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Г.П.(25) од Република Албанија, соопштија денеска од МВР.
Тој е осомничен дека претходно во верски објект во Гостивар одзел мобилен телефон и пари од Б.Т.(29), од гостиварското село Долна Бањица. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Г.П. бил задржан во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/лв/
Фото: МИА архива