
4 март 2025
Будимпешта - Продолжува посетата на владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски на Унгарија во чии рамки ќе се одржи меѓувладина седница.
-Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе приреди свечен пречек на премиерот Христијан Мицкоски со воени почести. (во Лавовскиот двор на Кралската палата во Будимпешта/10:00)
-Тет-а-тет средба на Мицкоски и Орбан. (во седиштето на премиерот Орбан/10:30)
-Заедничка прес - конференција на премиерите Мицкоски и Орбан. (13:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 6/10:30)
Скопје - Седница на Законодавно-правната комисија. (Сала 6/14:00)
Скопје - Средба на aмбасадорот на Казахстан, Садбалди Бурашов со Никола Коњановски, претседател на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со парламентите на Република Казахстан, Киргистанска Република, Република Таџикистан, Република Узбекистан и Туркменистан. (Струшка сала/11:00)
Скопје - Прес-конференција по повод Светскиот ден на обезноста. (Универзитетска клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања/11:00)
Скопје - Метаморфозис Фондација во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) организираат средба со новинари во рамки на проектот „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија“. (х.Холидеј ин“/12:00, по завршување на брифингот ќе започне конференцијата „Кликови, пари и влијание: улогите и одговорностите на онлајн медиумите во изборите“/13:30)
Скопје - Прес-конференција во рамки на која ќе биде презентирана научната студија „За кохезивно и инклузивно општество - холистички пристап“ и резултатите од научното истражување спроведено во рамки на под-проектот „Хепи-хипо шоу - за кохезивно и инклузивно општество„ а кој беше имплементиран во текот на 2024 година. (Градска кафана Пелистер/11:00)
Скопје - Архитектонска изложба по конкурсот за изработка на идејните решенија за новата управна зграда на Општина Центар - Скопје. (КСП Центар Јадро/19:00)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***