• e shtunë, 19 tetor 2024

Претрес во Велес, пронајдена дрога

Претрес во Велес, пронајдена дрога

Велес 17 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес вчера  ги ги привеле  34 годишниот М.Ц. и малолетник, двајцата од Велес, затоа што биле затекнати при купопродажба на зелена растителна материја. Подоцна, со судска наредба бил извршен и претрес во домот на М.Ц., при што биле пронајдени и одземени зелена растителна материја и две дигитални ваги.

Како што информираат од МВР, М.Ц. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.ад/са/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR