Претежно сончево време утре и во сабота, потоа дожд и пониски температури
- Утре и во сабота ќе преовладува претежно сончево време. Потоа во наредните два дена се очекува зголемена облачност со услови за слаб локален дожд, како и пониски дневни температури, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Утре и во сабота ќе преовладува претежно сончево време. Потоа во наредните два дена се очекува зголемена облачност со услови за слаб локален дожд, како и пониски дневни температури, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Од вторник следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. дма/са/
Фото: МИА архива