• e enjte, 26 dhjetor 2024

Преку мерката „Креирање на слободни работни места преку зелени инвестиции“ вработени над 370 лица

Преку мерката „Креирање на слободни работни места преку зелени инвестиции“ вработени над 370 лица

Штип, 25 декември 2024 (МИА) - Во рамките на циркуларен караван заменик министерот за економија, Марјан Ристевски, заменик директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова и секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова Ангелова беа во посета  на ПЗУ "Др.Самарџиски". Здравствена устанува која е корисник на мерката „Креирање на слободни работни места преку зелени инвестиции“.

Пешова  посочи дека мерката има за цел да ги опфати невработените лица и да се креираат повеќе слободни работни места и да се поттикне зелената трансформација на претпријатијата.

-Во тој контекст оваа мерка претставува финансиска поддршка на правните субјекти за секое отварање на ново работно место, преку финансиска поддршка во вид на набавка на опрема, којашто опрема значи подобрување на животната средина, намалување на потрошувачката на енергија, како и на материјали за енергетска ефикасност, вели Пешова.

Таа додаде со оваа мерка во 2022 година почнале со отварање на 100 работни места, а досега се отворени 370 нови работни  места, а поддржани се 228 правни субјекти, а финасиксата поддршка за компаниите во моментов изнесува 250.000 денари за едно нововработено лице.

Цветанка Самарџиска сопственик на ПЗУ д-р Самарџиски истакна дека овие мерки значат за компаниите, а целта им била да ги задржат младите од здравствениот сектор.

Вишна Шорова-Ангелова секретар на Општина Штип изјави дека поддршка на УНДП е голема за Општина Штип, а една од целите на општината е и поддршка на компаниите во нивниот развој.

-Овој проект кој се реализира од страна на Агенцијата за вработување, министерството за економија, всушност покажува дека сите институции на локално и на национално ниво следиме една линија на движење, а тоа е зголемување на енергетската ефикасност. Општина Штип во сите Програми за 2025 година има предвидено проекти за енергетска ефикасност, којшто бенефит ќе имаат сите граѓани, рече Шорова-Ангелова.

Заменик министерот за економија, Марјан Ристески посочи дека оваа мерка ќе се продолжи и во 2025 година, а во оперативниот План за наредната година има подобрување на одредени мерки во однос на критериумите, а буџетот на Агенцијата за вработување е зголемен за шест милиони евра. вдј/сст/

Фото: МИА

 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR