Пратеникот Арсоски поддржувач на СОС Детско село: Би сакал бројот на поддржувачи да се зголемува,најубавата глетка на светот е насмеано дете
- Како пратеник на Движење „ЗНАМ“ од денеска официјално станав поддржувач на СОС Детско село и се придружувам на двајца членови на моето семејство кои веќе се поддржувачи и донатори, објави денеска пратеникот Павле Арсоски, на неговиот фејсбук профил.
- Post By Цветанка Миновска
- 15:50, 5 mars, 2025

Скопје, 5 март 2025 (МИА) - Како пратеник на Движење „ЗНАМ“ од денеска официјално станав поддржувач на СОС Детско село и се придружувам на двајца членови на моето семејство кои веќе се поддржувачи и донатори, објави денеска пратеникот Павле Арсоски, на неговиот фејсбук профил.
Тој упати благодарност за, како што напиша, инспиративната средба на директорката Јулијана Гапо, која ми ја раскажа благородната идеја на основачот, австрискиот филантроп Херман Гмајнер од 1946 година, а која од 2002 година успешно се спроведува и во Македонија.
- Најубавата глетка на светот е насмеано дете, а најскапоцениот звук што може да се слушне е детската смеа. Би сакал бројот на поддржувачи да се зголемува и секој од нас на свој начин да придонесе за насмевка на децата згрижени во СОС Детско село, напиша пратеникот Арсоски на фејсбук. цр/нд/
Фото: Фејсбук на пратеникот Павле Арсоски