• e hënë, 02 mars 2026

Поради дефекти без вода делови од Скопје

Поради дефекти без вода делови од Скопје

Скопје, 2 март 2026 (МИА) - Поради дефект на ул. Тодор Чангов број 81, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Поради дефект на улица Сердарот 31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Сердарот, дел од Драчевска, Речиште и Партизански Пат. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:10 часот до завршување со санација на дефектот.

Поради дефект на улицата Јуриј Гагарин 32, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: дел од Јуриј Гагарин, дел од Козле, Кораб, Мокра и Струшка. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:10 часот до завршување со санација на дефектот. сст/дма/

Фото: МИА архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR