• e martë, 03 mars 2026

Струшката Библиотека го одбележа Денот на библиотекарот

Струшката Библиотека го одбележа Денот на библиотекарот

Струга, 2 март 2026 (МИА) - Под мотото „Гушни го библиотекарот“ јавната Бибилиотека, при центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга го одбележа Денот на библиотекарот - 1 март.

Во рамките на одбележувањето денеска ја посетија учениците од ООУ „Јосип Броз Тито“ - Струга и ПОУ „Јонче Крежески"- село Мислешево.

Библиотекарките, како што соопшти ЦК „Браќа Миладиновци“, ги запознале учениците со историјата на библиотеката, просториите со кои располага, книгите и лектирните изданија.

- Како поддршка за нивната посветеност, библиотекарките добија големо гушкање, а за возврат Центарот за култура им подари по еден скромен подарок и ги најави тековните активности и проекти на Библиотеката, стои во информацијата.

Библиотеката, додаваат, не е само место исполнето со книги, таа е срцето на заедницата, а библиотекарот е нејзината душа. сс/вј/са/

Фото ЦК „Браќа Миладиновци“

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR