• e martë, 03 mars 2026

Граѓани се организираат за тампонирање на пат кон Тиквешко Езеро 

Граѓани се организираат за тампонирање на пат кон Тиквешко Езеро 

Кавадарци, 2 март 2026 (МИА) - Граѓани се организираат за тампонирање на пат кон Тиквешко Езеро. Тие вечерва јавно упатија повик за заедничка акција, во врска со  патот кон реката Блашница, што се влева во Тиквешко Езеро.

- Сите знаеме дека патот од девет  километри кон Блашница на Тиквешкото Езеро е во многу лоша состојба. Земјениот дел е тежок за возење, а на одредени места скоро непрооден. На последниот состанок беа усвоени околу 12 точки за подобрување на овој дел, но досега не е започнато со ниту една работа. Затоа предлагаме мештаните од регионот Блашница да се организираме самостојно и да го тампонираме најкритичниот дел од патот. Со добра организација и заеднички труд можеме да направиме голема промена за сите нас, истакнаа тие.

Воедно, упатија прашање до локалната самоуправа дали постои план за асфалтирање на овој дел од патот и кога би можело тоа да се реализира. Бараат доколку не се предвиди брзо асфалтирање, барем да се средат критичните места за да се овозможи безбедно движење.

- Нашата цел е јасна. безбеден и пристоен пат до Блашница, за нашите семејства, гости и идни генерации. Заедно можеме да го направиме првиот чекор, порачаа . свд/

Фото: МИА архива 

 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR