• e premte, 21 mars 2025

Полициска акција за приведување лица во врска со постапката за пожарот во Кочани

Полициска акција за приведување лица во врска со постапката за пожарот во Кочани

Скопје, 20 март 2025 (МИА) - Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со постапката за пожарот во клубот „Пулс". Според првичните информации, приведени се поранешните градоначалници на Кочани, Николчо Илиев и Ратко Димитровски и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов. 

Од Јавното обвинителство вечерва соопштија дека акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации најави по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден.

Љупчо Папазов беше на сослушување пред обвинител во ОЈО Кочани на 17 март, а Обвинителството по завршување на неговиот распит најави дека дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката.  

- Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката, информираа од Обвинителството по завршување на распитот на Папазов.

Димитровски беше градоначалник на Кочани во период од 2009-2017 година, додека Илиев во период од 2017-2021 година. лв/цр/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR