• e premte, 21 mars 2025

Томовски: Досега покриени трошоци за 142 лица од семејства на повредени од пожарот на лекување во странство

Томовски: Досега покриени трошоци за 142 лица од семејства на повредени од пожарот на лекување во странство

Скопје, 20 март 2025 (МИА) - Директорот на Служба за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Ивица Томовски информира дека досега за 142 лица од семејствата на повредените од пожарот на лекување во странство се обезбедени авионски карти и потрошени се почетно околу 3,5 милиони денари.

-Со одлука на Владата доделени се 30 милиони денари на СОЗР кои ќе бидат наменети за првично сместување и транспорт на оние лица кои се лекуваат надвор од земјава, односно во оние земји кои ни пружиле првична помош и ги зеле овие лица на лекување. Она што ние како СОЗР го правиме е првично контактирање, детектирање на лицата, пронаоѓање на нивните телефонски броеви. Секојдневно контактирање, односно на секои три часа им се јавуваме на луѓето и ги прашуваме, ги помагаме логистички заедно со амбасадите кои се во земјите каде што се лицата. Засега за 142 лица обезбедени се сместување и авионски карти. Потрошени се почетно околу 3,5 милиони денари. Велам почетно, затоа што не знаеме колку време ќе им треба за лекување, но треба да знаат дека целосно и максимално се што ќе излезе како трошок ќе биде покриено од Владата, рече вечерва Томовски во интервју за ТВ21.

Директорот на СОЗР посочи дека со сите телефонски оператори донеле одлука сите телефонски броеви кои ги имаат од лицата кои се надвор од Македонија, да бидат ослободени од роаминг и интернет, за да можат непречено да контактираат со своите најблиски  кои се останати во земјава, а и со институциите.

Информира дека одлуката на Владата е да се покриваат трошоците за по две лица за еден повреден, но, како што посочи, ќе бидат покриени трошоците и на тие кои заминале и по тројца-четворица.

-Донесена е одлука дека за еден повреден да се покриваат трошоците за по две лица. Но, ние не ги враќаме лицата кои заминале и по тројца-четворица, комплетно ќе биде покриени за сите, ќе излеземе во пресрет на сите на кои им е неопходно, но одлуката на Владата е да се покриваат трошоците за по две лица за еден повреден. Досега имаме околу 112 пациенти кои се лекуваат надвор од државата и тоа го работиме непосредно со Министерството за здравство и Министерството за надворешни работи. Некои од овие лица веќе си имаат и приватно сместување, но кажано е дека доколку е потребно и продолжување доколку направиле и почетни трошоци, се ќе биде рефундирано. Нема да важи од моментот кога е донесена одлуката, туку ќе важи и ретроактивно, рече тој. 

Дополни дека некои од државите самите обебзедиме сместување на овие лица.  - Како што е случајот со Република Бугарија. Бидејќи првите случаи се испратени во Бугарија, Турција, Грција и Србија, Бугарите обезбедија комплетно сместување за лицата, наведе Томовски.

Граѓаните за обезбедување на транспорт, сместување на членови на семејствата чии деца се на лекување во странство можат да се обратат на телефонскиот број 070/270-370 на директорот Томовски за било каква координација и подетални информации околу оваа прашање.

Информира дека Црвениот крст заедно до Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за одбрана и генералниот секретаријат на Влада ја координирале акцијата конкретно околу погребите и сите работи кои ќе произлезат како трошоци ќе бидат покриени. Очекува да се собере сума од околу два милиона евра. Нагласи дека етапно ќе се одлучува како ќе се трошат тие средства. - После лекувањата, луѓето ќе треба да одат да продолжат на одредени терапии, а можеби не во Македонија, туку во странство. Очекуваме дека Владата ќе донесе некаква одлука за помош на лицата коишто ги изгубиле своите најблиски, рече директорот на СОЗР.

Томовски нагласи дека следните чекори ќе бидат во насока на тоа да се утврдат критериумите на кого и колку средства треба да одвојат, дали тоа ќе биде линеарно за сите, дали тоа ќе биде врз основ на потребите коишто подоцна ќе бидат произлезени од овие лекувања. Како што напомена Томовски, во непосредна координација ќе работат со Министерството за здравство, Владата и сите засегнати институции кои треба да им помогнат. Нагласи дека носител треба да бидат Министерството за здравство бидејќи, како што рече, тие најдобро знаат колку време е потребно на лицето да се лекуваат а при тоа да не бидат изложени на никакви трошоци.

Томовски истакна дека на лицата чии деца се наоѓаат на лекување во странство најнеопходно најпрвин им било транспортот за да бидат блиску нивните најблиски и оти се задоволни од досегашниот третман.

- Семејствата се задоволни. Чувствуваат некаква заштита од државата, бидејќи брзо реагиравме. Достапни сме 24/7 за тие семејства. Најнеопходно им беше транспортот, како да стигнат и да бидат со најблиските. Да имаат сместување, исхрана во хотели кои ние ги наоѓаме во непосредна близина на тие здравствени установи. Реално, морам да кажам дека се презадоволни од третманот на здравствените лица кои ги примиле луѓето надвор во странство. Засега, мислам дека се задоволни. Ќе остане нашата непосредна комуникација со истите на дневна основа. Се што ќе им биде потребно, ќе биде овозможено, рече тој.фф/лв/

Фото: Принтскрин од видео

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR