• e premte, 21 mars 2025

Едно лице почина во експлозија на плинска боца во Куманово

Едно лице почина во експлозија на плинска боца во Куманово

Куманово, 20 март 2025 (МИА) - Едно лице почина во експлозија на плинска боца во семејна куќа во Куманово, информираа вечерва од СВР Куманово.

Како што соопшти полицијата, денеска во 20: 23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово настанал пожар од експлозија на плинска боца.

- Притоа, од експлозијата починал сопственикот Л.Д.(60) од Куманово. Смрт констатирал лекар, а увидот е во тек, велат од СВР Куманово. ам/лв/

Фото МИА архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR