• e mërkurë, 25 dhjetor 2024

Подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците ќе се одржи на 20 март 2025-та

Подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците ќе се одржи на 20 март 2025-та

Скопје, 24 декември 2024 (МИА) - Подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците ќе се одржи на 20 март 2025 година, утврдени се спорните правни прашања во врска со иницијативите по овој закон, како и листата на учесници, која ќе биде отворена за јавноста, договорено е на денешниот работен состанок во Уставниот суд, потврди за МИА претседателот Дарко Костадиновски.  

- На подготвитената седница поканети ќе бидат 25 -ина експерти и претставници од науката и струката, од областа на уставното право, меѓународното право, човековите права и претсавник од Венецијанската комисија, информира Костадиновски.

На седницата на Уставниот суд на 11 декември Костадиновски истакна дека одлуката за одржување подготвителна седница за иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците не треба да се толкува како слабост. Тој тогаш најави дека најдоцна до мај, Судот ќе одлучува по предметот.

- По завршувањето на подготвителната седница, не повеќе од месец дена, ќе им бидат потребни за разработка на рефератот врз основа на резултатите од подготвителната седница, што значи, како што рече, најдоцна во мај Судот ќе одлучува по предметот. лв/дма/

Фото:МИА архива 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR