Повеќе од 2.000 семејства од Мозамбик побарале засолниште во Малави
- Повеќе од 2.000 семејства од Мозамбик побараа засолниште во Малави оваа недела, откако беа пријавени десетици убиени во немирите што ја зафатија земјата поради спорните избори во октомври, соопштија денеска властите во Малави.
Мапуто, 27 декември 2024 (МИА) - Повеќе од 2.000 семејства од Мозамбик побараа засолниште во Малави оваа недела, откако беа пријавени десетици убиени во немирите што ја зафатија земјата поради спорните избори во октомври, соопштија денеска властите во Малави.
Висок официјален претставник на Малави потврди дека од средата, 2.182 семејства од Мозамбик, бегајќи од насилство, преминале во областа Нсање во Малави, која граничи со земјата.
„Ситуацијата и натаму е тешко бидејќи на овие лица итно им е потребна хуманитарна помош“, рече окружниот комесар на Нсање, Доминик Мвандира, во писмото до комесарот за бегалци во Малави.
Некои претпријатија, вклучително и банки, денеска беа затворени во главниот град на Мозамбик, Мапуто, а некои области беа патролирани од безбедносните сили, по бунтот во затворот што избувна завчера, при што избегнаа околу 6.000 затвореници.
Мозамбик е зафатен од насилни протести веќе два месеци, откако изборната комисија пресуди дека владејачката партија Фрелимо ја задржала власта и дека нејзиниот кандидат победил на претседателските избори. рп/
Фото: ЕПА