• e diel, 29 dhjetor 2024

Aлбански медиуми: Градоначалникот на Тирана во бегство или на службен пат? Бериша го обвини дека избегал, тој возврати дека ќе се врати за два дена

Aлбански медиуми: Градоначалникот на Тирана во бегство или на службен пат? Бериша го обвини дека избегал, тој возврати дека ќе се врати за два дена

 Тирана, 28 декември 2024 (МИА) - Албанските медиуми, главно под наслов: Градоначалникот на Тирана Ерион Велиај во бегство или? пренесуваат вест дека тој  утрово во 5 часот, од „аеродромот во Тирана отпатувал сам, со капа на главата и видно нерасположен, што не е својствено за неговиот карактер“.
Тие констатираат дека Велиај, кој е под истрага за корупција, од страна на Специјалното обвинителство, најверојатно избегал, бидејќи патува без свои соработници од општината.   
Реагираше и лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша кој обвини дека заминал во непознат правец, дека има големи депозити во Дубаи и го повика да се врати во Тирана или премиерот Еди Рама веднаш да поднесе оставка.
Додава дека ова е „едно од најсериозните дела во историјата на државата, организиран и оркестрирани директно од Еди Рама“, при тоа објавува фотографии од Велиај на аеродром и во авионот, добиени, како што вели од граѓани.

На обвинувањата на Бериша дека избегал од државата му одговори Велија, преку објава на социјалните мрежи.

-Одам во Америка, на состаноци кои долго ги одложував, бидејќи јас сум градоначалник на Тирана, а не сум нон грата, човек со злобно лице и срце. Не ја напуштам Албанија, бидејќи дојдов од Америка кога бев 20 години помлад, да подадам рака да ја извлечам мојата земја од калта во која ти и твоите пријатели ја потонавте, му одговори Велиај.
Додава дека во Тирана се враќа за два дена. вт/

QËNDRONI TË LIDHUR