• e mërkurë, 05 shkurt 2025

Маж нападна полицајци во Париз додека се обидуваше да земе оружје

Маж нападна полицајци во Париз додека се обидуваше да земе оружје

Париз, 4 февруари 2025 (МИА) - Двајца полицајци се повредени денеска во инцидент пред седиштето на полицијата во Париз, кога маж нападнал полицаец обидувајќи се да му го земе оружјето, пренесоа француските медиуми.

Малку пред 13 часот, тројца полицајци кои вршеле надзор на улицата „Сите“ биле нападнати од маж кој се обидел да го одземе пиштолот на едниот од нив, јавува порталот БФМТВ.

Додека полицијата се обидувала да го совлада, напаѓачот со парче стакло повредил еден од полицајците, се обидел да го собори на земја и да му го одземе оружјето.

Мажот, кој изјавил дека е од Судан, бил совладан и приведен во блиската полициска станица каде што ќе биде прегледан од психијатар, а повредените полицајци биле испратени на лекување. Еден од полицајците се здобил со расекотина на раката, додека на друг му е констатирана скршеница на прстот.

Париското обвинителство ја довери истрагата на правосудната полиција, но овој инцидент го проценува и државното обвинителство за тероризам. рп/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR