• e shtunë, 15 mars 2025

Општина Охрид ќе субвенционира даватели на туристистички услуги во руралните средини

Општина Охрид ќе субвенционира даватели на туристистички услуги во руралните средини

Охрид, 14 март 2025 (МИА) - Општина Охрид објави јавен повик за користење на финансиски средства од буџетот за субвенционирање даватели на туристички услуги во селски, етно и еколошки туризам.

Целта на субвенционирањето е подобрување на квалитетот на туристичката понуда кај субјектите во руралните средини, преку нивна меѓусебна соработка да се постигне одржлив развој на туризмот со одржлив економски пораст, сето со економска корист за микрозаедницата.

Сите регистрирани даватели на туристички услуги во селски, етно и еколошки туризам, согласно повикот, треба да поднесат барање за користење на финансиски средства од овој повик.

Повикот ќе биде отворен до исцрпување на финансиските средства определени според Г2 Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2025 година, точка 2.2 Субвенционирање на физички лица вршители на туристичка дејност.

Повеќе информации на општинската интернет-страница ohrid.gov.mk аб/сст/

фото/МИА

 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR