• e shtunë, 15 mars 2025

Во Кавадарци лица со попреченост се вклучија во физички активности за здрав живот 

Во Кавадарци лица со попреченост се вклучија во физички активности за здрав живот 

Кавадарци, 14 март 2025 (МИА) - Лица со попреченост се вклучија во физички активности за здрав живот во Кавадарци. Орданче Бошковски, раководител на Центар за невладини организации појасни за МИА дека раководејќи се од идејата преку инклузија на овие лица во спортот да придонесат до нивна поголема вклученост во општествениот живот, заедно со Клуб за спорт и рекреација на инвалиди,  земјоделско - шумарското училиште „Ѓорче Петров“ и Здружението на слепи ги организираат овие спортски активности.  За таа цел бил потпишан и Меморандум за соработка. Екипата за физички активности и заедничко дружење го добила името „Кавадаречки срца“. 

- Засега физичките активности ги реализираме во спортската сала на училиштето. Кога ќе се постопли повеќе, планираме активности и по пешачките патеки и спортските терени на отворено, истакна Бошковски. 

Истовремено во соработка со градските управи на спортските клубови, „Тиквеш“, заеднички ги следеле натпреварите во фудбал, кошарка и ракомет. 

Во план им било заеднички редовно да организираат активности и со други вакви групи во кои се вклучени лица со попреченост, но и со други субјекти, што се заинтересирани за соработка и вклучување во инклузивни акции. 

Организаторите на активностите истакнаа голема благодарност до јавното претпријатие „Градски превоз“, што овозможило превоз за овие лица до училиштето и назад за да ги реализираат тренинзите два пати во седмицата. 

Тренинзите од спортски аспект ги водел професор Дарко Цеков, во соработка со Антонија Делева - Рамова, дефектолог во училиштето и Зоран Велков, дефектолог во Основното општинско училиште „Страшо Пинџур“.  свд/мд/


Фото: МИА 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR