Дефект на цевка на излезот од флотацијата во „Булмак“ предизвика излевање јаловина во Крива Река
- Дефект на цевка на излезот од флотацијата во „Булмак“ предизвика излевање јаловина во Крива Река, при што реката е загадена од излезот на Тораница долж целиот тек.

Крива Паланка, 14 март 2025 (МИА) - Дефект на цевка на излезот од флотацијата во „Булмак“ предизвика излевање јаловина во Крива Река, при што реката е загадена од излезот на Тораница долж целиот тек.
Општинскиот инспектор за животна средина Зоран Павловски информира дека по увид на местото утврдено е дека хаваријата се случила на цевка со профил Ф-250 милиметри на излезот на флотација до таложниците.
- На самата локација веќе нема истекување на јаловина, екипа од рудникот работи со механизација на санација на цевката, но при пукањето на цевката истечена е неодредена количина концентрат - јаловина по асфалтен пат со нагиб кон Крива Река. Загадена е целата река, од рудникот долж течението, што секако ќе има последици. Се очекува да биде завршена поправката и уште еднаш ќе нагласам, при увидот констатирано е дека нема веќе истекување јаловина, рече Павловски.
Согласно Законот за животна средина, известен е и државен инспекторат за животна средина. ид/мд/
Фото: МИА