• e shtunë, 22 qershor 2024

Опожарено возило на скопјанец

Опожарено возило на скопјанец

Скопје, 21 јуни 2024 (МИА) - Триесет и тригодишен скопјанец утрово, во 1:15 часот, пријавил во СВР Скопје дека претходниот ден од телефонски број на лице кое го познавал му биле испраќани пораки со заканувачка содржина и му биле барани 80.000 евра.

Како што информира денеска МВР, утрово, во 00:40 часот неговиот сосед го известил дека било опожарено неговото возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред неговата куќа.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. мд/дма/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR