• e shtunë, 04 janar 2025

ОН ги повикаа палестинските власти да ја укинат забраната за Ал Џезира

ОН ги повикаа палестинските власти да ја укинат забраната за Ал Џезира

Рамала, 2 јануари 2025 (МИА) - Обединетите нации денеска ги повикаа палестинските власти да ја отповикаат својата одлука за забрана на телевизискиот канал „Ал Џезира“ со седиште во Катар со образложение дека емитува поттикнувачки материјали и известувања.

-Длабоко сме загрижени поради суспензијата на „Ал Џезира“ и нејзините новинари од Западниот Брег во услови на загрижувачки тренд на потиснување на слободата на мислење и изразување на палестинските територии, напиша Високиот комесаријат на ОН за човекови права.

„Ја повикуваме палестинската управа да го промени курсот и да се придржува до своите обврски според меѓународното право“, се додава во пораката. мс/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR