Одвоени средби на министерот Муцунски со амбасадорите на Австрија и Грција, Памер и Филипиду
- Како непосредни соседи и НАТО сојузници, тие ја потврдиле важноста од зајакнување на добрососедските односи и обезбедување на регионална стабилност, безбедност и просперитет, преку целосна ЕУ интеграција на регионот. Посебен акцент бил ставен на соработката во областа на одбраната, инфраструктурното поврзување, енергетиката, културата, туризмот и, пред сè, економијата. Притоа било истакнато дека Грција останува еден од најголемите трговски партнери на нашата земја, стои во соопштението на Министерството.
Скопје, 28 јануари 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска остварил одделни средби со амбасадорот на Австрија во Северна Македонија, Мартин Памер, и со грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду.
Како што соопшти МНРиНТ, на средбата со амбасадорката Филипиду, соговорниците изразиле заедничка подготвеност за натамошно унапредување на билатералната и мултилатералната соработка.
Како непосредни соседи и НАТО сојузници, тие ја потврдиле важноста од зајакнување на добрососедските односи и обезбедување на регионална стабилност, безбедност и просперитет, преку целосна ЕУ интеграција на регионот. Посебен акцент бил ставен на соработката во областа на одбраната, инфраструктурното поврзување, енергетиката, културата, туризмот и, пред сè, економијата. Притоа било истакнато дека Грција останува еден од најголемите трговски партнери на нашата земја, стои во соопштението на Министерството.
На средбата со амбасадорот Памер, била потврдена силната и традиционално добра соработка помеѓу Австрија и Северна Македонија. Акцент бил ставен на одржување на динамичниот политички дијалог и зголемување на соработката во сите сфери од заемен интерес. Особено биле разгледани можностите за зајакнување на економските односи, преку интензивирање на соработката со австриската сојузна стопанска комора и зајакнување на трговските релации.
Министерот Муцунски се заблагодарил и ја истакна важноста на австриската поддршка во евроинтеграцискиот процес и улогата на Австрија во Групата „Пријатели на Западен Балкан“, додаваат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. нд/вј/
Фото: МНРиНТ