Собранието ќе одржи две пленарни седници
- Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе одржи две пленарни седници.
- Post By Фатиме Фазљији
- 07:04, 29 janar, 2025
Скопје, 28 јануари 2025 (МИА) - Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе одржи две пленарни седници.
Во рамки на 33-та седница пратениците ќе расправаат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор, по скратена постапка.
На дневен ред на 27-та седница има само една точка - Предлог на законот за ратификација на Спогодбата за Инструмент помеѓу Европската Унија претставувана од Комисијата и Република Северна Македонија претставувана од Владата на Северна Македонија, за посебни аранжмани за спроведување на поддршка од Унијата за Република Северна Македонија, во согласност со Инструментот за реформи и раст. фф/аа/
Фото: МИА Архива