Без струја утре делови од општина Центар
Скопје, 30 јануари 2025 (МИА) - Без струја утре ќе останат дел од жителите од општина Центар, соопшти РЦУК - Скопје.
Во периодот од 7:00 до 9:30 часот без снабдување со електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улицата „Народен Фронт“, од Поликлиника Ружа до ресторан Крчма, а од 9:00 до 16:00 часот дел од улиците „Пролет“, „Стале Попов“ и „Крушевска Република“ во општина Центар.
Како што соопшти РЦУК - Скопје, прекините се поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа. дма/
Фото: МИА архива