• e premte, 31 janar 2025

Жителите на Азот со години бараат автобуски линиски превоз до Велес

Жителите на Азот со години бараат автобуски линиски превоз до Велес

Велес, 30 јануари 2025 (МИА) - Жителите на повеќе села од областа на Азот: Согле, Теово, Богомила, Нежилово, Папрадиште последниве години се’ повеќе бараат автобуски линиски превоз од нивните села до Велес. Сето тоа уште повеќе последниве две –три години откако се проретчија возовите на Македонски Железници на релација од Битола преку Азот кон Велес од шест-седум на оевај еднаш до двапати во текот на едно деноноќие.

Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев на вчерашната 60- та седница на Советот, одговарајќи на советничко прашање информира дека нема линиски автобуски превоз од овие населени места од Општина Чашка затоа што за жал нема заинтересиран превозник кој би сообраќај од ове села кон Велес.

Колев  воедно ги повика сите превозници,  ако има барем еден заинтересиран превозник да се јави во Општина Велес, а воедно може да се обрати и до Општина Чашка, бидејќи линијата поаѓа од населените места кои се на територијата на Општина Чашка.

Жителите од овие населени места за сите потреби кон Велес се снаоѓаат кој како знае и умее или со минималниот број на возови рано наутро и со враќање дури навечер или со сопствен превоз или такси превоз кој е за повеќапати поскап.

Многумина жители воглавно постарите поради здравствени прегледи  во Велес, а во отсуство на автобуски превоз се принудени  да повикаат такси кое е многу скапо на релација од селата во Азот до Велес.

Жителите се револтирани и очајни и  апелираат до двете општини Велес и Чашка да се договорат и да им помогнат за решавање на овој нивни секојдневен проблем за превоз до Велес, посебно по затворањето на скоро сите амбуланти во овие населени места.

Колев потсети дека пред некоја година повторно се воведе автобуски линиски превоз од Градско кон Велес, а годинава ќе се обнови и автобускиот линиски превоз од Општина Лозово и населените места од оваа општина кон Велес. ад/ац/

Фото: МИА

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR