• e martë, 18 mars 2025

На изборите во Албанија на отворените листи 2.046 кандидати за 48 пратенички места

На изборите во Албанија на отворените листи 2.046 кандидати за 48 пратенички места

Тирана, 18 март 2025 (МИА) - На изборите што во Албанија ќе се одржат на 11 мај,  во трка за пратенички мандат на отворените листи се 2.046 кандидати на 11 политички партии и коалиции.

Законодавниот дом брои 140 пратеници, од нив според изборниот законик загарантирани се  92 места, по 46  за двете најголеми партии, Социјалистичката и Демократската, додека трката е отворена за сите партии и коалиции за остатокот од мандатите.

На изборите во  2021 година имаше само четири партии кои освоија пратенички места, при што Социјалистичката партија доби 74 пратеници, Демократската партија 59, Партијата на слободата четири и Социјалдемократската партија три пратеници.

Изборите на 11 мај може да донесат промени во Парламентот, од гласањето на дијаспората, на која за првпат и се дава тоа право, и влезот во трката на некои нови партии, за кои анкетите диктираат значителна поддршка.

На овие 11-ти по ред парламентарни избори, по падот на комунизмот, Социјалистичката партија на кандидатските ливче е под број 5 додека коалицијата "Демократска партија- Алијанса за величествена Албанија" е под број 1. 

Во единствениот избирачки список запишани се 3.721.116  граѓани со право на глас.

Доколку се направи споредба со резултатите од пописот произлегува дека бројот на гласачи е поголем за 1.319.003 од бројот на жители, кој според пописните резултати изнесува 2.402.113. вт/рп/

Фото: Албански Парламент

QËNDRONI TË LIDHUR