• e enjte, 20 mars 2025

Најактивниот вулкан на Хаваите по седумдневна пауза продолжи да исфрла лава

Најактивниот вулкан на Хаваите по седумдневна пауза продолжи да исфрла лава

Хонолулу, 20 март 2025 (МИА) - Вулканот Килауеа на Хаваите продолжи да исфрла лава по еднонеделна пауза, пренесоа американските медиуми.

Вулканот Килауеа продолжи да исфрла лава континуирано од кратерот кон врвот, пренесоа агенциите, повикувајќи се на Американскиот геолошки институт.

Стопените камења исфрлени од вулканот останаа во националниот парк „Вулкани на Хаваи“ и не ги загрозија населените места. Вулканот, потсетуваат агенциите, почна да еруптира кон крајот на декември и оттогаш наизменично има периоди на исфрлање лава и мирување.

Најкраткиот период на континуирани ерупции траел 13 часа, а најдолгиот осум дена. Националниот парк каде се случи ерупцијата се наоѓа на околу 300 километри од Хонолулу, главниот град на Хаваи. рп/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR