Концерт на триото „Агогик“ во Струмица во рамки на турнејата „Танго приказна“
- Во Центарот за култура Струмица вечер во 20 часот концерт ќе одржи камерниот состав „Агогик “ со сценски настап на Владанка Колева и Онур Мок од „Центар 213“.
- Post By Хатка Смаиловиќ
- 07:45, 5 tetor, 2024
Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) - Во Центарот за култура Струмица вечер во 20 часот концерт ќе одржи камерниот состав „Агогик “ со сценски настап на Владанка Колева и Онур Мок од „Центар 213“.
Ќе бидат изведени танго композиции, милонги, валцери од најпознатите композитори на тангото, како Пјацола, Канаро, Гардел и други познати композитори.
Настанот е во рамки на концертната турнеја насловена „Танго приказна“ чија цел е доближување на танго културата, музиката и танцот пред широката македонска публика.
Досега се одржани два концерта во рамки на турнејата - во Културно информативниот центар-Скопје во мај и во Офицерскиот дом во Битола во јуни.
Камерниот состав „Агогик“ постои 15 години и настапува со танго музика. Го сочинуваат Филип Петрески на хармоника, Ајхан Куртов на пијано и Пламенка Трајковска на виолина. Досега настапиле на речиси сите македонски сцени и познати манифестации во земјава, како и во Србија и Грција. хс/нд/
Фото: Камерен состав „Агогик“