• e shtunë, 09 nëntor 2024

„Од семејно до институционално наследство“: Изложба на Музејот на македонската борба во Истанбул

„Од семејно до институционално наследство“: Изложба на Музејот на македонската борба во Истанбул

Скопје, 8 ноември 2024 (МИА) - Изложбата „Од семејно до институционално наследство“ на Музејот на македонската борба за самостојност од 8 до 14 ноември ќе гостува во Културно-информативниот центар во Истанбул.

Експозицијата ја сочинуваат 15 изложбени паноа, со текстови и фотографии од донирани предмети на семејството Шабан во временски интервал од 200 години, кои со својата посебност доловуваат моменти и пренесуваат емоции при презентирање на традицијата и културата, истовремено, овозможувајќи подлабоко разбирање на ритуалите, обичаите и уметничките изрази, кои ги дефинираат нашите културни идентитети.

Автор на изложбата е Елизабета Марковска, кустос етнолог, а соработници за реализација на проектот се Василија Чали, Ана Китановиќ, Марија Коробар и Габриела Бошкова Постолова. ар/нд/

Фото: Музеј на македонска борба

QËNDRONI TË LIDHUR