• e diel, 01 shtator 2024

Наполи ќе му ја земе деветката на Осимен и ќе му ја даде на Лукаку

Наполи ќе му ја земе деветката на Осимен и ќе му ја даде на Лукаку

Неапол, 31 август 2024 (МИА) - Напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку ќе го носи бројот девет, пренесува Фабрицио Романо. Според изворот, управата на наполитанците ќе му го одземе овој број на Виктор Осимен и ќе му го даде на 31-годишниот Белгиец.

На 29 август „небесно сините“ потпишаа договор со Лукаку до 30. јуни 2027. Според порталот „Трансфермаркт“, износот на трансферот е 30 милиони евра.

Лукаку дојде во Челси во август 2021 година од Интер за 113 милиони евра. Оттогаш, Белгиецот помина една цела сезона во англискиот тим, пред да игра како позајмен за Интер и Рома. дс

Фото: Архива

QËNDRONI TË LIDHUR