• e diel, 01 shtator 2024

РБ Лајпциг стави крај на серијата без пораз на Леверкузен во Германија

РБ Лајпциг стави крај на серијата без пораз на Леверкузен во Германија

Леверкузен, 31 август 2024 (МИА) - РБ Лајпциг направи феноменален пресврт и го совлада шампионот Баер Леверкузен со 3:2 во извонредно гол-шоу од 2. коло во Бундеслигата.

„Аспирините“ поведоа со головите на Џереми Фримпонг (39’) и Алехандро Грималдо (45’), но „биковите“ одиграа одлично и постигнаа три гола преку Кевин Кампл (45+7’) и Лоис Опенда (57 ', 80')

На овој начин беше прекината феноменалната серија на тимот на Чаби Алонсо од 35 последователни натпревари без пораз во првенството.

Во изминатата сезона Баер дозволи само еден пораз и тоа во финалето на Лига Европа, кога загуби од Аталанта со 0:3.

Шампионите остануваат на 3 бода по првите две кола, додека РБ Лајпциг ја забележа втората последователна победа. дс

Фото: Фејсбук/РБ Лајпциг

QËNDRONI TË LIDHUR