• e diel, 01 shtator 2024

Рафиња по „хет-трикот“: Знаев дека оваа сезона ќе биде важна за мене

Рафиња по „хет-трикот“: Знаев дека оваа сезона ќе биде важна за мене

Барселона, 31 август 2024 (МИА) - Напаѓачот на Барселона, Рафиња постигна „хет-трик“ во денешната убедлива победа од 7-0 против Ваљадолид во Ла Лига. Одделно, направи и две асистенции, со кои веќе има три гола и четири асистенции во само четири кола.

-Ова е првиот „хет-трик“ во мојот живот. Се чувствувам добро бидејќи по враќањето од одмор напорно работев на тренинзите. Знаев дека оваа сезона ќе биде важна за мене. Многу сум среќен, прокоментира Рафиња по успехот на „Монтјуик“.

Според него, денешниот натпревар покажал дека на Барселона не и требаат нови играчи.

-Ние сме во силна форма и тоа се покажува на теренот, бидејќи резултатот кажува многу. И самиот сум уверен во моите квалитети, додаде Рафиња. дс

Фото: Фејсбук/Барселона

QËNDRONI TË LIDHUR