• e premte, 03 maj 2024

Митинг на Левица во Битола: Не за Бугари во Устав под било кои услови

Митинг на Левица во Битола: Не за Бугари во Устав под било кои услови

Скопје, 21 април 2024 

Тука го затворивме фашистичкиот клуб „Ванчо Михајлов“ и од тука порачуваме: НЕ за Бугари во Устав под било кои услови
Вчера во Битола, се одржа народниот собир каде Левица, заедно со кандидатот за претседател - проф. Билјана Ванковска, пред битолчани ја презентираа Програмата за престојните претседателски и парламентарни избори. На настанот се обратија кандидатот Билјана Ванковска, носителот на листа во ИЕ 5 - Јована Мојсоска и претседателот на Левица - проф. Димитар Апасиев.
 
„Моите противкандидати велат ќе ја направеле европска Македонија. Велат ќе го славеле 9 мај – Денот на Европа. Тоа е измислена работа. 9 Мај е Ден на победа над фашизмот. А, Битола градот на Стив Наумов, не трпи фашизам. Денес ние се соочуваме и со неофашизам. И уште утре, на соочување, ќе треба да се објаснува дали сум про- ЕУ или анти-ЕУ. Не, јас сум про-Македонија. Јас сум ПРОМАКЕДОНСКА сила” - истакна во својот говор проф. Ванковска.
 
Носителот на листа Јована Мојсоска на настанот истакна дека Левица е ПРОТИВ внесувањето на Бугарите во Уставот под било кои услови, за разлика од ДПМНЕ кое е подготвено да преговара за промена на Уставот. Мојсоска истакна дека Левица е за прекин на преговорите со Бугарија и укинување на историската Комисија, затоа што нема преговори и уцени од оние кои сме ги победиле како дел од фашистичкото зло.
 
„Нас не ни требаат никакви гаранции од ЕУ дека ова ќе е последно барање на патот кон Брисел, затоа што со внесувањето на Бугарите во Уставот ќе се забоди последниот клинец во ковчегот на македонската држава. Јасно е дека отворениот анти-македонизам на Софија е поддржан директно од Европската унија, која очигледно уште не може да им прости на малите балкански народи дека биле на антифашистичката страна на историјата. Токму пред неколкку месеци, Европската комисија за дискриминација изрече загриженост за бришењето на фашистичкото дувло во Битола Ванчо Михајлов. И тоа е се што треба да знаете за таканаречените европски вредности!” - истакна Мојсоска.
 
Претседателот Димитар Апасиев при своето обраќање покрај другото уште еднаш ги повтори петте постулати на Македонската платформа која ја нуди Левица на овие избори.
 
„Македонската платформа за унитарна Македонија има пет точки, опфатена е унитарноста на државата, нема преговори за дводомен парламент, не преговараме за конститутивните елементи на нацијата, ќе ја вратиме територијалната поделба и ќе ги вратиме инсигниите на државата, знамето и грбот да бидат на цела територија на државата.“ - истакна претседателот Апасиев.

Левица

_______________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

QËNDRONI TË LIDHUR