• e shtunë, 09 nëntor 2024

МИА Општински пул

МИА Општински пул

7 ноември 2024 

Велес - Вечер во 19 часот во Ликовниот салон во Велес ќе биде отворена јубилејна изожба „70 години од смртта на Димитар Андонов Папрадишки“. Изложбата е во рамките на програмата на 9 Ноември - Ден на ослободување на Велес и Ден на општината.

На изложбата ќе бидат представени икони од цркви во велешко и 20 профани дела од Националната галерија, информираат од Народниот музеј.

Проектот е прифатен од страна на Министерството за култура на Република Северна Македонија како дел од Годишната програма за остварување на проекти од национален интерес во културата за 2024 година,  на визуелните уметности, архитектурата дизајнот за 2024 година.

Проектот се реализира во организација на Народниот музеј, а во соработка со Националната галерија и поддршка од Општина Велес.

Иконописното и профано сликарство се значаен сегмент од творештвото на Папрадишки, тој е  еден од последните зографи и првиот македонски профан сликар кој кон крајот на 19 век го направи историскиот пресврт во македонското сликарство, поврзувајќи ги последните нишки од религиозното сликарство со првите обиди на профано сликарство.

Скопје – Горат стари и неисправни вагони на депото на МЖ – Транспорт во Аеродром. Противпожарните екипи се на терен со неколку противпожарни возила.

Според првичните информации пожарот избувнал во 01:20 часот на улицата „Трета Македонска Бригада, а интервенирале 20 пожарникари со осум противпожарни возила.

Причините за пожарот се уште не се познати. 

Скопје - Без вода денеска од 10:00 часот се дел од жителите од улицата „Козле“ во Општина Карпош.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен дефект Ф-100 милиметри на улица „Козле“ бр.249 во Општина Карпош.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. 

Скопје - Пожарот во депото на „Македонски железници-Транспорт“ е изгаснат, се работи на расчистување на теренот, информира за МИА командантот на Единицата за противпожарна заштита на Град Скопје, Звонко Томески. 

Томески во изјавата за МИА посочува дека е интервенирано со 10 противпожарни возила и 30 пожарникари. 

Пожарот бил пријавен во 01:20 часот, а причините допрва ќе се утврдуваат.

Скопските пожарникари утринава интервенирале на уште еден пожар во скопската населба Влае каде горела кровна конструкција на куќа на улицата „Иван Цанкар“.

Скопје - Општина Центар на располагање става електронски Анкетен прашалник преку кој ги вклучува граѓаните во креирање на Буџетот за 2025 година. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски повикува граѓаните да даваат предлози за потребите во нивните маала.

-Ги повикувам сите граѓани да ја искористат алатката Анкетен прашалник и сериозно да се вклучат во креирање на буџетот за следната 2025 година. Вие сте најголемиот коректор и вашите барања се најзначајни. Јас сум овде да ги проследам сите ваши предлози, а заедно со секторите да ги оцениме приоритетните кои веднаш ќе влезат во програмите, вели Герасимовски.

Како што нагласуваат од Општина Центар, електронскиот анкетен прашалник на граѓаните им дава можност да предлагаат проекти од областа на образованието, социјална, детска и здравствена заштита, културата, спортот и рекреацијата, локален економски развој, урбано планирање, комунални дејности, животна средина, јавни работи и реконструкција и санација на училиштата. 

QËNDRONI TË LIDHUR