• e mërkurë, 26 mars 2025
МИА Најави - МКД

26 март 2025 

Скопје - Министерот за локална самоуправа Златко Перински, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски и в.д. директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион Розета Арсовска ќе присуствуваат на презентација на реализираните активности за реконструкција на објект на основно училиште и негова преадаптација во Регионален центар за рехабилитација на деца кои се излекувани од канцер во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ фаза 2. (Село Кучково, во Регионалниот центар https://maps.app.goo.gl/NWamLUA1m3544sf86/9:30)

Скопје - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ќе го одржи првиот јавен состанок за 2025 година на кој ќе бидат презентирани реализираните активности на Агенцијата  за првиот квартал. (Простории на Агенцијата, конференциска сала на вториот кат/12:00)

Скопје - Завршен настан за проектот „Унапредување на системските недостатоци – поддршка на реформите на системот за заштита на деца“. (х.„Холидеј ин“/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Синдикатот на УПОЗ. (Пред Центарот за социјална работа - Скопје, ул.„Никола Вапцаров“ бр.11, зад Министерство за правда/13:00)

Скопје - Центарот за развој на медиуми организира панел-дискусија на која ќе бидат претставени наодите од мониторингот на работата на носителите на одлуки и регулаторните тела во областа на аудиовизуелните медиумски услуги во 2025 година. (х.„Холидеј Ин“, сала „Скала“/10:00)

Скопје - Почнува Саемот на мебел 2025. (Комплекс „Борис Трајковски“ во Скопје)

Скопје - Завршна конференција во рамки на проектот „Грижи се 2“, во организација на Здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“, Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“ - Тетово и Хуманитарно добротворната фондација „Македонски Каритас“ - Скопје.  (Универзитет Скопје (Универзитет за туризам и менаџмент), бул. „Партизански одреди“ бр.99/10:00-13:00)

Демир Хисар - Советот на Општина Демир Хисар ќе одржи вонредна седница на која ќе биде донесена одлука за доделување финансиска помош на семејствата на настраданите граѓани во пожарот во ноќниот клуб „ПУЛС“-Општина Кочани. (Сала за седници/12:00)

Скопје - Изјава за медиуми на претседателката на Ротари Интернационал од САД Стефани Урчик, која е во дводневна посета на Северна Македонија. (Во дворот на ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје/12:15 – 12:45)

Скопје - Редовно годишно Собрание на МАНУ. (Свечена сала на МАНУ/12:00)

Скопје - Факултетот за музичка уметност организира комеморација во чест на проф. м-р Сара Пројковска – Николовска, која како придружен вокал на ДНК, загина во пожарот во Кочани. (Концертната сала на Факултетот за музичка уметност/13:00)

Скопје - Одбележување 135 години од раѓањето на д-р Анастас Коцарев. (Музеј на македонската борба за самостојност/17:00, медиумите да пристигнат најдоцна до 16:30)

Скопје - Премиера на театарската претстава „Олд Сејбрук“ на Вуди Ален, а во режија на Нина Николиќ. (Театар Комедија/20:00)

Скопје - Отворање на прва самостојна изложба на Кристина Горовска. (Културно-информативен центар, галерија Империјал 1/20:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

QËNDRONI TË LIDHUR