• e diel, 30 mars 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Без струја делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода

Без струја делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода

Скопје, 26 март 2025 (МИА) - Без струја денеска од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат дел од жителите лоцирани на улица „Врполе“ во населба Лисиче, општина Аеродром.

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Драгиша Мишовиќ“ бр.12/34, а од 9:00 до 15:00 часот дел од корисниците од улиците „Дрезденска“, „Римска“ и „Анкарска“ во општина Карпош.

Без струја од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат и корисниците од улиците „Марко Орешовиќ“, „Марко Орешовиќ“ 2, „Мариовска“ и дел од „Димо Хаџи Димов“ во Општина Кисела Вода. 

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа. мд/са/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR