МИА Најави-свет
- Тбилиси – Грузија избира претседател на државата на индиректни избори, со гласовите на избирачкиот колеџ од 300 членови – 150 пратеници и 150 делегати од грузиските региони.
14 Декември 2024
Тбилиси – Грузија избира претседател на државата на индиректни избори, со гласовите на избирачкиот колеџ од 300 членови – 150 пратеници и 150 делегати од грузиските региони.
Москва – Годишен конгрес на партијата Единствена Русија на рускиот претседател Владимир Путин.
Рим – Годишен конгрес на партијата на премиерката Џорџа Мелони, Браќа на Италија.
Лондон – Собир пред израелската амбасада во Лондон во знак на солидарност со Сирија.
Сеул – Парламентот на Јужна Кореја ќе го разгледа вториот предлог за импичмент на претседателот Јун Сук Јеол.