МИА Најави - МКД
- 16 декември 2024
16 декември 2024
Скопје - Собранието на Северна Македонија ќе одржи три седници. (Сала „Македонија“/11:00/11:15/11:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 6/10:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за култура и туризам. (Сала 6/11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/13:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала 4/13:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 6/13:00)
Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/13:45)
Скопје - Презентација на Преглед на јавните финансии на Северна Македонија. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/10:00)
Скопје - Состанок на Советот на странски инвеститори со премиерот Христијан Мицкоски. (Влада, Свечена сала/12:00)
- По завршување на состанокот, прес-конференција ќе одржи премиерот Христијан Мицкоски. (Медија центар на Влада)
Јегуновце - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот на Општина Јегуновце Димитар Костадиновски ќе ја отворат новата канцеларија за административни услуги „Центар за услуги“ - Јегуновце. (13:00, предвидена е изјава во 12:45 пред зградата на Општина Јегуновце, с. Јегуновце)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на настан со кој ќе се најави проектот „Унапредување на образованието за медицински сестри и акушерство и воспоставување на систем за признавање на професионалните квалификации во Република Северна Македонија (2024 - 2025)“. (х.„Аустриан палас“/9:30)
Скопје - Прес-конференција на министерот за култура и туризам Зоран Љутков, директорката на Управата за заштита на културно наследство Весела Честоева, експертот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство Велика Стојкова Серафимовска и проф. д-р Драган Даутовски по повод впишувањето на нематеријалното културно добро „Традиционалната изработка и свирење на гајда“ на Репрезентативната листа на УНЕСКО. (Порта Македонија/10:30)
Скопје - Државната изборна комисија ќе одржи јавна седница. (11:00/Седницата ќе се емитува и во живо на Јутјуб каналот на ДИК/https://www.youtube.com/@secmk499/streams)
Скопје - АгриТек Самит 2024 посветен на унапредување на одржливото земјоделство преку дигитална трансформација и иновации. (х. „Хилтон“, Diamond Ballroom/14:00-17:00)
Скопје - Аналитика Скопје, во соработка со УНИЦЕФ и Светската здравствена организација (СЗО) организираат конференција „Економски политики за подобро здравје и подобра иднина“. (х.„Холидеј Ин“/11:00-13:00)
Скопје - Прес-конференција на претседателот на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија Максим Димитриевски за Националната Платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии. (Седиште на ЗНАМ/12:00)
Скопје - Граѓанската сила „Замисли“ организира брифинг за новинари за акцијата за измени на Законот за здравствена заштита и воведување на меритократија во процесот на вработување на лекари. (Ресторан „Кантина“/13:00)
Скопје - Хуманитарен новогодишен базар за користен накит и други убави подароци, во организација на Lions Club Светлина од Скопје. (Бар „Интермецо“, ул. „Народен фронт“/16:00 - 19:00)
Скопје - Премиера на претставата „Замисли нов свет“ во МНТ, инспирирана од творештвото на Горан Стефановски. (20:00)
Скопје - Отворање на изложбата „Патување низ боите - Јубилејни триесет години творештво“ на ликовниот уметник и професор Башким Меџити. (Чифте амам/19:00)
Скопје - Шесто издание на Меѓународниот фестивал по кларинет и саксофон „СаксКлар“. (Музеј на македонската борба во Скопје/20:00)
Скопје - Македонска берза и Централен депозитар за хартии од вредност организираат новогодишна забава и доделување на Годишните награди на Македонска берза. (ресторан „Воденица“/19:30)
_________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***